Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМакедонија успешно се справува со трговијата со луѓе

Македонија успешно се справува со трговијата со луѓе

Американскиот Стејт департмент го објави својот годишен извештај за трговија со луѓе. Тајланд остана на листата на најлоши земји кои не почитуваат ни минимум стандарди во борбата против трговија со луѓе и покрај официјалните напори на Бангкок. Од друга страна, Куба и Малезија се отстранети од црната листа.

Во извештајот е наведено дека Македонија повторно го постигна статусот на земја од прва категорија. Истакнат е напредок во делот и гонење и судење на сторителите на ова дело. Исто така, истакнаа дека ја охрабруваат Македонија во наредните години да ги зголеми своите напори за борба против трговијата со луѓе за да остане регионален лидер во оваа сфера.

На глобално ниво, се верува дека повеќе од 20 милиони луѓе се жртви на трговија со луѓе.