Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМакедонија со се поголема улога во „Часот на планетата Земја“

Македонија со се поголема улога во „Часот на планетата Земја“

Ангажманот на македонската еколошка организација во одбележувањето на „Часот на планетата Земја“ како една од најголемите глобални еколошки акции добива се поголема улога. Успешноста на минатогодшното гасење на светлата низ повеќе препознатливи локации во Скопје како што е Кале влезе и во официјалното промотивно видео на „Часот на планетата Земја“ кој ќе се одржи на 19 март, па во 20:30 часот повторно ќе се исклучат од електрична енергија многу активисти во над 7000 илјади градови насекаде низ светот.
earth hour makedonija„Оваа година, под мотото „Заблескај светлина на климатските промени“, кампањата се фокусира на сериозноста на проблемот поврзан со забрзаното менување на климата, но и ја промовира идејата дека сите ние ја имаме моќта да направиме промена, односно обединети да ги промениме климатските промени“ – изјави Ѓорги Селков, иницијатор на акцијата во Македонија и претседател на Здружението за заштита на животната средина „Часот на планетата Земја“.

Најавени се и голем број на активности поврзани со „Часот на планетата Земја“ во кои ќе може да се вклучат сите еколози и совесни граѓани кои сакаат почиста и поздрава животна средина.