Friday, Apr 28, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРФилмМакедонија со дванаесет претставници на фестивалот „Џифони Искуство“

Македонија со дванаесет претставници на фестивалот „Џифони Искуство“

Од денес па се до 26. јули, градот Џифони ќе блеска во духот на „Џифони Искуство“ по јубилеен 45. пат.

Делегацијата од Република Македонија оваа година испрати дванаесет претставници. Пет од нив се ученици од интернационалната гимназија НОВА (Теодора Ангелевска, Ана Татабитовска, Ања Димова, Вера Пачоова дал Маскио и Ангела Димеска), двајца се од „Орце Николов“ (Исидора Цветковска и Леон Ристов) и по еден ученик од скопските гимназии „Ѓорѓи Димитров“ (Матеј Станојевиќ), „Раде Јовчевски-Корчагин“ (Анастасија Милковска), „Јосип Броз Тито“ (Ардит Бина), „Никола Карев“ (Евгенија Станкоска) и од прилепската гимназија „Климент Охридски“ (Горан Попоски).

25. јули ќе биде ден посветен на Република Македонија на кој заедно со делегацијата од 12-те млади че присуствуваат и претставници од Агенцијата за филм, Здружението за ширење на филмската култура Џифони-М и од Министерството за култура на РМ.

Од Агенцијата за филм во РМ соопштија дека младите, како и секоја година, така и оваа ќе имаат можност  да се сретнат и да дискутираат со многу интернационални и домашни ѕвезди од светот на филмот, меѓу кои Марк Рафало, Том Фелтон, Мартин Фримен, попознат меѓу младите како Хобитот Билбо Бегинс, Алесандро Барико, еден од најголемите современи автори на италијанската литература, како и едно од најголемите холивудски актерски имиња, познатиот Орландо Блум.