Tuesday, Apr 23, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈБоречки вештиниМакедонија се враќа со 27 медали од Светското првенство во боречки вештини

Македонија се враќа со 27 медали од Светското првенство во боречки вештини

Македонската репрезентација во боречки спортови и вештини се врати од Светското првенство кое се одржуваше во Германија со 27 освоени медали. Репрезентацијата беше составена од членови на Академијата за боречки вештини „За нед до“ од Битола.

slika 3

Македонските репрезентативци, во конкуренција од над 1000 натпреварувачи од 65 земји, се вратија од  Светското првенство во Германија со 7 златни, 12 сребрени и 8 бронзени медали. Со по два златни медали од Светското првенство се вратија Сунај Мифтар и Маја Кузманова, а по 1 злато освоија Христијан Котевски, Дијана Неделковска и Златко Неделковски.

slika 5

Дијана Неделковска, меѓудругото, по трет пат ја потврди светската доминација во категорија демонстрации на екстремна самоодбрана, освојувајќи го третото светско злато по ред. /извор Канал 5