Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМакедонија се поклони пред великанот Гоце Делчев

Македонија се поклони пред великанот Гоце Делчев

На денешен ден е роден големиот национален великан Гоце Делчев со одбележување на 144 години од неговото раѓање со пригодни манифестации низ повеќе градови низ републиката.

panihida_goce_delchev_1 Во Скопје во црквата Св.Спас пред вечното почивалиште на славниот македонски син со положување на цвеќе почит оддадоа делегација на Владата предводена од премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, делегации на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, државни институции, од организации на борци, асоцијации на граѓани и од АРМ.

sdsm goce delcevПрисутно беше и раководството на опозицијата со пораки за почит за дадената жртва за Македонија и вечната борба за национална слобода.

„Денеска оддаваме почит на апостолот на македонскиот народ, великанот Гоце Делчев којшто го посвети и го даде животот за слободата, самостојна и независна Република Македонија, изјави Заев со партиската делегација пред неговиот гроб.

goce delcev strumicaОдбележување на раѓањето на македонскиот револуционер имаше и пред споменикот на Гоце Делчев во општина Струмица и во меморијалниот простор во Ново Село во Општина Штип каде учителот го едицирал народот и ја ширел идејата за востание.