Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМакедонија се наоѓа во вештачки акумулирана криза, смета аналитичарот Едвард Џозеф

Македонија се наоѓа во вештачки акумулирана криза, смета аналитичарот Едвард Џозеф

Аналитичарот Едвард Џозеф за Гласот на Америка, изјави дека Македонија се наоѓа во состојба на кулминација на вештачки акумулирана криза, и според него проблемите на земјата одамна се наталожени.

„Таа е поврзана со одбивањето на ВМРО-ДМПНЕ да го прифати уставното право на опозицијата да формира влада. Уставната, политичката и кризата по улиците во Македонија е генерирана од ВМРО-ДПМНЕ“, коментира Џозеф.

Ваквиот развој на ситуацијата во Македонија, според аналитичарот може да биде погубен.

„Неодговорни се повиците од поранешниот премиер Никола Груевски, луѓе да излезат на улица и ја бранат државата, која, според него, е загрозена. Протестите се демократско право на сите граѓани, но туку не станува збор за некаков напад по државноста, туку обид да се спречи демократска транзиција на друга коалиција да ја преземе власта“, вели експертот од Вашингтон.

За платформа на македонските албанските партии која се наметна како дополнителен фактор за Џозеф вели дека „перцепцијата е оти тоа е некаква голема закана“.

„Перцепцијата дека е тоа е некаква голема закана – е бесмислена. Секоја влада од независноста во Македонија, вклучувајќи ги и на ВМРО-ДПМНЕ, имале албански партии. Лидерот на ДУИ, кој долго години е во власта, од ВМРО-ДМНЕ едновремено беше нарекуван терорист. Дволично е ако се инсистира дека е во ред да се прави влада со ДУИ, но не е во ред, опозицијата да може да коалицира со било која албанска партија“, вели Џозеф.