HomeДЕНЕШНАЕкономијаМакедонија повторно како атрактивна бизнис – дестинација, се отвори германската фабриката „Маркард“

Македонија повторно како атрактивна бизнис – дестинација, се отвори германската фабриката „Маркард“

Индустриската зона Караслари во Велес денеска ќе се збогати со уште една странска работна компанија. Се работи за новоотворената фабрика „Маркард“ која ќе произведува автомобилски делови за врвни германски брендови како што се „Мерцедес“, „Ауди“ и „БМВ“. Фабриката ќе вработи 600 луѓе, но од тука веќе порачаа дека како ќе се зголемува обемот на работа, така ќе расте и бројот на вработени.


„Ние се одлучивме да инвестираме во Македонија поради квалификуваната работна сила и стабилната политика на властите во односот кон странските инвеститори. Ние знаеме дека Велес има своја индустриска историја, а тоа ќе ни помогне во регрутирањето на потребните работници“ – вели потпретседателот на компанијата, Лудгер Шонекер.


Германската компанија ја донесе одлуката за инвестирање во Македонија уште во март, а инвестицијата е проценета на околу 35 милиони евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com