Monday, Jul 24, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионМакедонија поттикнува транзит на мигрантите, Србија не може да се справи со нив

Македонија поттикнува транзит на мигрантите, Србија не може да се справи со нив

Ужасот со кој се соочуваа мигрантите кои транзитираа низ Македонија заврши со усвојувањето на новиот закон. Законот дозволува мигрантите да користат јавен превоз со што се намалува опасноста по нивните животи. И додека во Македонија донесувањето на овој закон беше поздравено, Србија стравува дека може лошо да се одрази врз состојбата со бегалците во оваа земја. И европските медиуми сметаат дека законот ќе направи голем притисок врз Србија.

Виенски Die Presse пишува за новиот закон и загриженоста на Србија истакнувајќи дека оваа држава нема да може да се справи со мигрантите кои влегуваат преку јужната граница, но и укажува дека е голема веројатноста протераните мигранти од шенгеските држави да се најдат на северот на Србија.

Министерот за социјала на Србија, Александар Вулин, побара итен државен, но и регионален состанок на сите засегнати страни. Тој исто така побара и меѓународна помош за да се справи со мигрантите. Вулин изјави: “Ние својата граница ја чуваме и на југ и на север, но би било добро тоа да го прават и другите земји” – очигледно мислејќи на Македонија, бидејќи Романија и Бугарија со огради се обидуваат да го спречат бранот мигранти.
migranti
Директорот на Центарот за помош и заштита на баратели на азил во Србија, Радош Ѓуровиќ, смета на зголемена имиграција од Македонија и истакнува дека дополнителен проблем е што спогодбата за реадмисија меѓу Србија и Македонија речиси не функционира, а и поради лошите односи меѓу Атина и Скопје протерувањето на илегалните имигранти во Грција е отежнато.

Македонија направи големи напори за да се справи со состојбата со мигрантите и за да го олесни нивниот транзит низ земјава, со што ќе се избегнат опасностите со кои се справуваат мигрантите низ македонските пруги. А како Србија ќе се справи со оваа состојба останува да видиме.