Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМакедонија помала за 300 км квадратни во новиот извештај на ЕУ?!

Македонија помала за 300 км квадратни во новиот извештај на ЕУ?!

Превид, или  за нешто друго станува збор?!

Композиторката и професор по музика, Дарија Андовска, откри дека во последните три години територијата на Македонија се намалила за точно 279 километри.

Андовска го цитира извештајот на Европската Унија за Македонија во кој површината на земјава во 2020 е значително помала од површината во 2017 година. Во извештајот  се гледа дека таквата промена на територијата е направена во 2018 година.

И тоа не е сè, дами и господа. Бројчето што сите го знаеме наизуст од осмолетка – 25.713 км2, веќе не е тоа. Итс меџик. Сега е 25.434 или речиси за 300 км2 помала Македонија. Say what again?! Се смалува со перење. Мозоци – пишува професорката во врска со намалената територија на државата.

Според Уставот,  потребно е 2/3 мнозинство за некој да  се откаже од територија на земјата, или пак да ја зголеми територијата на државата.