Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМакедонија под снег – патиштата проодни, но бидете внимателни

Македонија под снег – патиштата проодни, но бидете внимателни

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои по влажни коловози. Според информациите добиени од Ј.П. Македонија пат снег паѓа во: Скопје, Петровец, Кула, Велес, Тетово, Попова Шапка, Делчево, Смојмирово, Ресен, Железнец, Струмица, Павлешенци, Страцин, Кичево, Гостивар, Крушево, Прилеп, Стража, Ѓавато, Буково, Пресека, Македонски Брод. Забрана за за тешки товарни возила е воведена на планинскиот премин Стража и на патниот правец крак Маврово – Маврово.

sneg skopje

На коловозите има остатоци од снег по интервенцијата од дежурните екипи на Ј.П. Македонија пат. Се препорачува внимателно возење и задолжително поседување на зимска опрема. Синоптичарите предвидуваат дека и во наредните денови не очекува слично време па снегот ќе се задржи. Затоа во ноќните и утринските часови треба да се внимава низ улиците кои може да бидат замрзнати.