Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМакедонија почнува со дебати за легализирање на канабисот во медицински цели

Македонија почнува со дебати за легализирање на канабисот во медицински цели

По големиот број држави кои ја легализираа марихуаната во медицински цели, конечно и Македонија ќе почне да разговара на оваа тема. Веќе неколку години, здруженијата кои се борат за имплементрирање на оваа билка во медицината, гласно говорат за потребата од тоа, постојано истакнувајќи примери и истражувања кои ја докажуваат лековитоста на канабиноидите.

Неодамна и ЛДП поднесе предлог закон за легализација во медицински цели, а расположението на властите досега беше категорично против било какво легализирање на марихуаната. Сите државни претставници кои досега излегоа јавно да говорат, тврдеа дека нема докази за лековитоста на канабисот и ги отфрлаа сите научни истражувања како нерелевантни.
cannabis-e1427192542838Конечно, државните институции почнуваат да разговараат за лековитоста на оваа билка. Агенцијата за лекови и медицински средства во соработка со Министерството за здравство, организира Јавна Дебата на тема „Примената на индискиот коноп и канабиноидите во медицински цели“. На јавната дебата ќе учествуваат стручни лица од повеќе области на медицината и фармацијата кои со своите искуства ќе придонесат за предочување на бенефитите и ризикот од употребата на марихуаната.

Дебатата ќе се одржи во недела на 22.11, во Хотел Александар Палас во 12.00 часот, а ќе учествуваат и сите засегнати здруженија кои се залагаат за измена на статусот на марихуаната во медицински цели како потенцијален лек за третман на заболувања. Дебатата е отворена за јавноста, во соопштението од Агенцијата за лекови стои повик за активно учество за граѓаните со свои мислења, ставови и прашања на оваа тема.