Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМакедонија одаде почит на трагично загинатиот претседател

Македонија одаде почит на трагично загинатиот претседател

Дванаесетгодишнината од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски денеска беше одбележана во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел и пред платото на Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Цвеќе на гробот на Трајковски положија делегации од Владата, Собранието, Град Скопје, Советот на Град Скопје, претставници на дипломатскиот кор, државни институции, политички партии, членови од семејството на претседателот и здруженија на граѓани.

trajkovskiСо пригодна свеченост и општина Струмица, денеска, ја одбележа 12-годишнината. Пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк цвеќе положија претставници на семејството Трајковски, општина Струмица, општинскиот одбор на борците, претставници на јавни институции, политички партии и граѓани.