Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМакедонија ќе го одбележи Светскиот ден за борба со ракот

Македонија ќе го одбележи Светскиот ден за борба со ракот

Повеќе здруженија, невладини и здравствени организација ќе се вклучат во одбележување на Светскиот ден за борба со ракот преку нова кампања наречена „Ние можеме, јас можам”. Целта е да им се даде поддршка на лицата кои имаат карцином, но и да се подобри превенцијата и навремената здравствена интервенција.

Кампањата за годинешниот 4 февруари ќе се фокусира на информирање и едукација за зголемена свесност за превенција од карцином, обезбедување на соодветен пристап до здравствените услуги, обезбедување здрава животна средина и унапредување на политиките кон пациентите и нивните блиски.

Според статистиките за жал во Македонија годишно од карцином на дојка во просек умираат околу 280 жени, а од карцином на грло на матка околу 30 жени и покрај тоа што двата вида на карцином можат навремено да се откријат и излекуваат, па затоа оваа состојба може и мора да се промени.