Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМакедонија и Србија со заеднички мерки ќе се штитат од тероризам

Македонија и Србија со заеднички мерки ќе се штитат од тероризам

Македонија и Србија ќе се договараат како да се заштитат од потенцијални терористички напади, кои би можеле да ги предизвикаат луѓе кои се инфилтрирани меѓу мигрантите. Министрите за внатрешни работи на двете земји денеска беа во обиколка на транзитниот центар Винојуг, како и граничниот премин кај каменот 59 и се согласија дека тероризмот претставува сериозна закана од која не е исклучена ниту една држава.

Министерот за внатрешни работи на Србија смета дека бројот на бегалците и понатаму ќе расте и затоа е потребна поголема контрола и заедничка биометриска регистрација на бегалците.

„Нас не интересира да поставиме таков систем на земање на биометриски податоци и тоа да го направиме на квалитетен и добар начин и тоа после да биде единствен систем и секоја земја да не влегува во тоа поединечно, рече Небојша Стефановиќ, министер за внатрешни работи на Србија.

Од работниот состанок на двете делегации, како што соопшти македонското МВР, произлегол заклучок дека досегашната успешна соработка ќе продолжи и во наредниот период со преземање на конкретни мерки и активности кои произлегле од работната дискусија. Двајцата министри се договориле и околу размена на информации од службите кои ја покриваат проблематиката за борба против тероризмот и терористичките закани.