Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионМакедонија и Србија потпишаа Протокол за заеднички процедури на железничкиот премин Табановце

Македонија и Србија потпишаа Протокол за заеднички процедури на железничкиот премин Табановце

Вчера, на 27 јуни во Белград, директорите на Царинските управи на Македонија и Србија потпишаа Протокол за спроведување на спогодбата помеѓу Владата на Македонја и Владата на Србија за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце – Прешево.

Протоколот претставува продолжение на царинската соработка на ново поле на заедничко делување во спроведувањето на граничните процедури. Истиот претставува подготовка за операционализација на Спогодбата помеѓу Владите на Македонија и Србија за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце – Прешево со која се предвидува заедничко вршење на царинските контроли на едно место од страна на двата органа истовремено, при единствено запирање на возовите за гранична контрола, со што се дава придонес кон забрзувањето на железничкиот сообраќај помеѓу двете држави, а воедно се обезбедува заштеда на средства за сите учесници во овој вид на сообраќај, велат од Царинска Управа.