Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМакедонија е пример за регионална соработка, оцени Хан

Македонија е пример за регионална соработка, оцени Хан

Еврокомесарот Јоханес Хан денеска ја поздрави иницијативата на владата за затоплување на добрососедските односи, како и за иницијативата за поголема регионална соработка.

„Дојдов во Скопје за да во видам направениот прогрес и да ги поддржам натамошните реформи кои ќе ни овозможат да дадеме јасна препорака а почеток на преговори. И честитам на владата за нејзината иницијатива за регионална соработка. Тоа е најдобар пример во регионот“, напиша Хан на „Твитер“.

Тој за време на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев рече забележани се големи промени во земјата кои се поттикнати од политичките промени, Тој истакна дека е постигнат голем развој и оти земјата е земјата е пример за развој на регионалната соработка.

– ЕУ се залага за европската перспектива на вашата земја и не се сомневам дека таквата перспектива може да се постигне. Сите земји во регионот има европска перспектива, а тоа создаде нова динамика – рече Хан.