Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМакедонија е подготвена да се справи со нов бран бегалци, оцени Нухиу

Македонија е подготвена да се справи со нов бран бегалци, оцени Нухиу

Македонија е подготвена да се справи со новиот бран на бегалци, изјави министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на регионалната конференција на тема „Минато, сегашност и иднина, во организација на Легис, а во соработка со Мултикултурниот центар од Виена.

Коментирајќи ја изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Нухиу изјави дека ако Турција одлучи да пушти нов бран на бегалци кои се наоѓаат на турко-сириската граница, Македонија ќе биде помогната од страна на сојузничките земји во Европа.

Од граѓанскиот сектор потенцираа дека за време на последниот бран бегалци, Македонија беше црна точка, но и оттаму велат дека покрај фактот што нашата земја се соочува со политичка криза, Македонија има капацитет успешно да се соочи против секој можен нов бран мигранти.