Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМакедонија допрва ќе ја откриваат странските туристи

Македонија допрва ќе ја откриваат странските туристи

Македонија е држава која на локалното население му е потребна поголема обука и знаења за туризмот, отколку на туристичките работници за подобри резултати. Затоа е создадена нова стратегија за развој на туризмот во државата 2016 – 2021. Австриската компанија „Кохл & партнер“ на барање на Владата ја изработи стартегијата за наредниот петгодишен период што би помогнала работите на поле на туризмот да се поместат и да се движат по нагорна линија. Според австрискиот експерт за туризам, Македонија има позитивен тренд и доста би напредувала во тоа поле. Но за да се задржи овој тренд потребно е уште многу да се работи. Потребни се дополнителни финансирања кои би помогнале во развојот на човечките ресурси.ohrid turistiРекламите од владата одизминатиот период допринесоа доста за туризмот во Македонија. Таа станува претпоснатлива дестинација на туристите, а за тоа доказ е зголемениот број на туристи и реализирани ноќевања. Според податоците на државниот завод за статистика претходната година во државата престојувале 816 087 туристи што е за 10,9% повеќе во споредба со 2014 година. Бројот на домашните туристи бележи мал пораст од 6,5%, за разлика од странските кој процент е поголем и се движи на 14,2%. Ноќевањата пак, во 2015 година се злолемени за цели 9 % во споредба со 2014 година, тоа значи имало вкупно околу 2,4 милиони ноќевања. Просечниот годишен приход од туризмот во земјата се движи меѓу 100 и 150 милиони евра.

Но, и покрај напредокот, Министерството дискутира и има забелешка во врска со свеста кај населението. Тие велат дека току тоа треба за да се промени во стратегијата за развој на туризмот. Соработката помеѓу државниот и приватниот сектор е исто така многу битна. Со тоа ќе се дојде до посакуваната цел, зголемување на квалитетот на туристичката понуда што би довело до зголемување на бројот на луѓе од различни држави.lugje plostadНе се само хотелите и рестораните битни фактори за добра туистичка дестинација, освен нив за да се привлечат туристи и истите да престојуваат подолг период во земјата потребна е разновидна и оригинална понуда, автентична, карактеристична само за македонските простори. Големиот недостаток е патната инфраструктура која туристите ја ставаат на прво место како голем недостаток и забелешка.

Кристофер Хинтерегер од “Кохл & партнер” од Австрија изјави: „Тие покажуваат дека има растечки тренд на бројот на ноќевањата, што се должи на активностите на Владата. За развој на туризмот важно е приватниот и јавниот сектор да ги реализираат своите активности, а Владата треба да инвестира во развој на туризмот и да се воспостави организациска структура што ќе ги менаџира активностите”.

Па останува да се надеваме дека оваа нова стратегија ќе и донесе успех Македонија, што вие би предложиле.