Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаМакедонија дефинитивно без втор претставник во АБА-лигата

Македонија дефинитивно без втор претставник во АБА-лигата

Шампионот МЗТ Скопје повторно ќе биде единствениот македонски претставник во АБА-лигата откако ниту еден друг клуб не искажал подготвеност да учествува во квалификациите за последното место во регионалното натпреварување.

Куманово како вицешампион прв ја имаше опцијата да учествува во овој турнир, но проблем претставуваше котизацијата во висина од 150.000 евра што требаше да биде обезбедена. Иако постоеја најави дека некој од останатите тимови би можел да се нафати да стане дел од ова врвно натпреварување, сепак македонските клубови се повлекле од оваа трка, па на квалификацискиот турнир наместо четири, ќе има само три екипи.

На турнирот ќе настапат Сутјеска (Ц.Гора), Шибеник (Хрватска) и Широки Бријег (БиХ). Трите тима ќе играат секој против секој, а најдобриот ќе обезбеди место во АБА-лигата.