Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМакедонија без меѓународни линии со воз од септември

Македонија без меѓународни линии со воз од септември

Меѓународниот воз „Хелас експрес“ кој сообраќа на релација Солун – Скопје – Белград од 4 септември нема да вози поради изведување градежни активности на територијата на Република Србија.

Македонски железници – Транспорт денеска соопшти дека прекинот на патничкиот сообраќај ќе важи се до крајот на возниот ред 2015-2016 година, а повторното воспоставување на редовната патничка линија на релација Солун-Скопје-Белград заеднички ќе го усогласат „МЖ Транспорт“, „Србија воз“ и „Trainose“ – Грчките железници.

– Возот 334 за последен пат (на територија на Македонски железници) годинава ќе сообраќа на 03.09.2016 година на релацијата Гевгелија – Белград, додека возот 335 (на територија на Македонски железници) ќе сообраќа до 03 09. 2016 година на релацијата Белград-Гевгелија според времињата утврдени со возниот ред. Патниците од Гевгелија до Солун ќе бидат превезени со автобус во организација на Trainose“, се наведува во соопштението.