Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМакедонија 5-тта земја во светот со најголема невработеност на крајот на 2020 година.

Македонија 5-тта земја во светот со најголема невработеност на крајот на 2020 година.

Светската   пандемија  предизвикана  од  Ковид-19 вирусот, го видоизмени начинот на функционирање и донесе невиден економски пад во сите области, најголем до сега од големата светска депресија. Македонија, како земја во развој, и покрај мерките на Владата донесени за заштита на приватниот сектор и ранливите категории на граѓани, воопшто не остана имуна на економските негативни  последици од Ковид-19  кризата, па така од месец април до сега, повеќе од 36.000 лица останаа без работа, согласно Агенцијата за вработување.

 

И покрај тоа што нашата земја, од почетокот на независноста важела за држава со една од највисоките стапки на невработеност, во европски, па и во светски рамки, во изминатите години имавме константен пад на невработеноста, па пред почетокот на пандемијата, за првиот квартален извештај во 2020 година, таа изнесуваше 16,2 % „ рекордно ниско“ ниво за нас.

Според прогнозата на  „ Global Economy“, оваа година Македонија ќе биде 5-тта земја во светот со највисока стапка на невработеност.

 

Македонија  според  ова  прогноза ќе има 20.39 % на невработеност, а земји кои ќе имаат повисока невработеност се: Шпанија 20,80%, Грција 22,33%, Судан 25% и Јужно Африканската Република (ЈАР)  со 35,31%.

На дното на оваа листа се: Тајланд со 1,1%, Макао 1,98%, Белорусија 2,32%, Сингапур 2,45% и Швајцарија 2,7%.

Од  нашето  опкружување, земји со највисока стапка на невработеност на крајот на 2020 ќе бидат Босна и Херцеговина со 18%, како и Турција со 17,20%. Северните соседи ќе ја завршат годината со 13,41% стапка на невработеност, додека западните со 11,80%. Најновата членка на ЕУ, Хрватска ќе има 11,50%, додека Бугарија  8%  невработеност.