HomeДЕНЕШНАЕкономијаМакедонија се откажува – нема услови за формирање национален авиопревозник

Македонија се откажува – нема услови за формирање национален авиопревозник

mat-1

Анализите на состојбите на пазарот во овој момент укажуваат на тоа дека нема услови за формирање национална авиокомпанија, одговори на новинарско прашање директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Горан Јандреоски, на работилницата за авијација организирана од „ТАВ Македонија“ во Струга.

– Истражувањата на пазарот се одвиваат во две фази. Анализата на консултантите во првата фаза покажа дека нема одржливост за да се формира национална авиокомпанија и затоа не се премина на втората фаза од истражувањата. Инвестиците во авиони и во кадри се многу големи, а се работи и за процес кој е многу долг – истакна Јандреоски.

За следната година не е планирано да се направи анализа за состојбите на пазарот и како што информираше Јандреоски, тоа се прави на неколку години. Исто така, тој додаде дека светското искуство покажало дека не постои полош управник за една авиокомпанија од државата.
mat

Македонија е една од ретките земји во светот кои немаат национален авио превозник
Во светот постојат речиси 150 вакви компании кои најчесто целосно или делумно се во сопственост на државата, дури и помали земји како Црна Гора и Исланд имаат авиони кои летаат под нивното знаме. Во последниве две и пол децении се појавија и исчезнаа повеќе авиокомпании кои летаа под македонско знаме.

Пионер беше Палер Македонија кој оперираше од 1991 до 1996. Компанијата на почетокот работеше добро, но по кревањето на санкциите кон тогашниот југословенски превозник ЈАТ загуби голем дел од пазарот што беше и главна причина да ги стопира операциите. За жал најмногу ќе биде запаметена по несреќата која се случи на 5-ти март 1993-та кога се урна еден од нејзините авиони, Fokker F-100, при што загинаа 83 од 97-те патници и членови на екипажот.

Авиоимпекс беше формирана во 1992 и оперираше до 2002 кога ја изгуби дозволата за летање поради финансиски тешкотии, по затворањето на Палер стана и национален превозник. И оваа компанија, за жал, ќе биде запаметена по несреќата која се случи истата 1993-та година, уривањето на Yakovlev Yak-42 во близина на Охрид на 20-ти септември при што загинаа сите 116 патници и членови на екипажот.

МАТ (Македонски авиотранспорт) постоеше од 1994 до 2009 година. Со статусот национален превозник се стекна во 2000 кога почнаа лошите финансиски резултати на Авиоимпекс. И покрај привилегиите и долгогодишната монополска позиција на пазарот и оваа компанија не успеа да опстои. Со многу контраверзи пред четири години ја загуби дозволата за летање, официјално поради технички недостатоци на авионот и долгови кон македонските воздухопловни власти.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com