HomeФЕР ПЛЕЈФудбалМакедонија против Србија на Европското првенство во Полска до 21 година

Македонија против Србија на Европското првенство во Полска до 21 година

ergatg4c

Денеска во Конгрес Центарот во Краков Полска се одржа ждребот за претстојното Европско Првенство за фудбалери до 21 година.

Македонија во Б групата ги доби за противници Португалците како прв носител на групата, нашите добро познати соседи Србија кои обезбедија учество преку бараж средбата со Норвешка и за крај немавме среќа и ја добивме Шпанија кој е четири кратен освојувач на европското првенство за играчи до 21 год.

Во другите групи распоредот е ваков:

Група А: Полска, Словачка, Шведска, Англија
Група Б: Португалија, Србија, Шпанија, МАКЕДОНИЈА
Група Ц: Германија, Чешка, Данска, Италија

Првенството стартува на 16 Јуни за да заврши со финален натпревар во Краков на 30 Јуни. Македонија започнува на 17ти јуни против Шпанија во нивното прво учество на едно Европско Првенство.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com