HomeИЗДВОЈУВАМЕМакедонија под надзор на ОН за сечата на дрва – Состојбата загрижувачка

Македонија под надзор на ОН за сечата на дрва – Состојбата загрижувачка

14937024_1645099498865307_1853695932_n

Рене Кастро, помошниот генерален директор на ФАО при Обединетите Нации за време на 13-от интернационален форум за заштита на природата во Фросиноне посочи дека е загрижен за состојбата во Македонија и нелегалната сеча на дрва, како дел од еден поширок проблем на глобално ниво и што може да се преземе за да се спречат трајните последици.

„Ги следам работите во Македонија и навистина сум загрижен за големата сеча на дрва која е драстична. Да потсетиме дека Македонија е потписник на Програмата за одржливост на Обединетите нации коja треба да се реализира до 2030-та за кога е предвидено и целосно укинување на сечата на дрва“ посочи Рене Кастро, одговарајќи на прашање од репортерот на pozitiv.mk.

2

3

На прашањето дали е возможно да се применат политички реформи во состојба кога нелегалната сеча на дрва е поврзана со организарниот криминал и нема голема политичка волја да се реши проблемот, Рене Кастро посочи дека со меѓународен притисок политичарите ќе мора да ги воведат промените и да се заложат за одржлив раст на земјата.
Рене Кастро одржа и презентација за заканата од климатските промени, особено во сувите и тропските подрачја кои директно ќе влијаат на економијата. Говореше дека е возможно да се обезбеди економски раст со запирање на штетните емисии на јаглероден диоксид во светот, како и да се применат значајни мерки за раст на обвновливите извори на енергија.

index

„Земјите кои се јаглеродно неутрални не значи дека нема да загадуваат и да емитуваат ЦО2 во атмосферата, туку важен е начинот на кој ќе го компезираат тоа со мерки за ефикасност и репродукција, на пример засадување на дрва и земјоделски реформи. Не е важно само да се намали емисијата на јаглероден диоксид, туку како ќе се управува со енергијата, стопанството, земјоделството, образованието, практично сите јавни сфери“, посочи Кастро.
Повеќе од 20 земји во светот досега успеале да го зголемат шумскиот фонд, а тоа да не им влијае на производството на храна. Изненадувачки меѓу нив и е Кина и тоа се должи на земјоделските реформи, што може да биде мотивација и пример за останатите земји.

Автор: Христијан Станоевиќ

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com