HomeАНТИСТРЕСГурманМакедонија ќе се претстави на најголемиот саем за храна во Италија

Македонија ќе се претстави на најголемиот саем за храна во Италија

Дваесет македонски производители од денеска до 26 септември учествуваат на најголемиот меѓународен саем за храна Тера Мадре Салоне дел Густо 2016 во Торино, Италија.

На настанот присуствуваат 5.000 претставници од 160 земји, над 800 изложувачи, 300 президиуми на Слоу Фуд и 500 заедници за храна на Тера Мадре, а се очекуваат повеќе од еден милион посетители.

Македонија има свој штанд на кој ги претставува президиумите Буковска пипер, Слатко од диви смокви и Грозјето Станушина. Претставен ќе биде и новиот президиум на Македонската медоносна пчела, но во рамки на заедничката презентација на президиумите од Балканот и Турција. На штандот е предвидено секој ден да се презентира по еден президиум

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com