Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМакедoнец притворен во Солун поради учество во фатална сообраќајна несреќа

Македoнец притворен во Солун поради учество во фатална сообраќајна несреќа

Македонски државјанин учествувал сообраќајна несреќа на автопатот кај Атина при што починал грчки државјанин кој се возел на мотор, велат извори од Министерство за надворешни работи за „Мета“.

Од таму додаваат дека, македонскиот државјанин е приведен во полициска станица во Солун и од конзулатот на Македонија во Грција, му е обезбедена потребната помош, но понатамошната постапка во однос на него зависи од грчките судски органи.

Неофицијално, приведениот Македонец се очекува да биде изнесен пред истражен судија. Повеќе информации за овој случај, МНР најавува утре.