Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМакедонец помеѓу уапсените во „Ќелија“ – регрутирал нови борци

Македонец помеѓу уапсените во „Ќелија“ – регрутирал нови борци

Помеѓу уапсените во вчерашната антитерористичка акција на МВР „Ќелија“, се наоѓа и етнички Македонец кој живеел и студирал во Скопје. 31-годишниот лекар Стефан Стефановски откако ја променил верата, добил и муслиманско име Суфијан. Тој неколку пати бил на боиштето во Сирија, а патувал со друго име и лажен пасош, најчесто преку Турција.

Секогаш кога се враќал, во Македонија неговата главна задача била да врбува нови борци. Според истрагата, Стефановски верувал во исправноста на целите на терористичката организација, а не бил платен војник. Заедно со осумтемина други уапсени, Стефановски е во триесетдневен притвор и добиена кривична пријава за учество во странски конфликти, во странска војска или паравоена формација и за врбување поединци за учество во терористички и паравоени формации.
uapseniМеѓу приведените и осомничените 36 има уште еден Македонец муслиман, 29 Албанци и 5 Турци. Повеќето од нив се со завршено средно образование, женети со деца. Извори од истрагата велат дека поголемиот дел од осомничените немаат криминални досиеја, а неколкумина биле регистрирани за помали кражби.

Во изјава за телевизијата 24 Вести, поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи вели дека акцијата е задоцнета и дека тие постојано алармирале дека постои опасност од такви формации во земјава, но истражните органи не сакале да соработуваат со нив.