Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМакедонец почина во затвор во САД поради негрижа и лош третман

Македонец почина во затвор во САД поради негрижа и лош третман

Македонецот Давид Стојчевски како што пренесува неговото семејство починал во затвор во САД поради лошиот третман на затворските служби кои го сместиле во ќелија за затвореници кои имаат самоубиствени нагони, а не му била пружена терапија за детоксикација бидејќи бил зависник од хероин лечен со метадонска терапија. Стојчевски бил затворен затоа што не можел да ја плати казната од околу 700 долари за сообраќаен прекршок. Од неговиот престој во ќелијата има и видео каде е прикажан гол поради протоколот на затворските служби за лица за надзор и спречување на можно самоубиство, но неговите полаки за болки во телото не биле послушани од чуварите. Семејството покрена тужба и случајот е во фокусот на американската јавност.