Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМакедонец изнајмил „ферари“ во Швајцарија и си го донел во Македонија

Македонец изнајмил „ферари“ во Швајцарија и си го донел во Македонија

Дваесет и петгодишно момче од Македонска Каменица заработи кривична пријава откако изнајмил “ферари”  во Швајцарија, но наместо да го врати, си го присвоил луксузниот автомобил и со него си дошол во Македонија.

Според информациите од полицијата, Т.Ц. на 31.07 годинава, со компанија во Швајцарија склучил договор за изнајмување на „ферари“ од 31 јули до 10 август, кое според договорот смеел да го управува само на територијата на Австрија, Швајцарија и Германија. Сепак, пријавениот, не можејќи да одолее на супериорното возило, со него дошол во Македонија и се фалел во Македонска Каменица, и покрај тоа што немал дозвола да го вози возилото на овие простори.

Со кривичното дело Т.Ц. причинил на компанијата штета од над 70.000 евра.