Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМакедонец и Грк во илегален шверц на птици

Македонец и Грк во илегален шверц на птици

Под сомнение за сторено кривично дело „неовластено ловење, чување и оттуѓување на диви животни и птици“ , поднесени се кривични пријави против Д.Р. (35) од село Живојно и И.Б. (46) од Грција. Полициските службеници во Битола ги фатиле осомничените на договорена средба вчера во 11.30 часот кога требало да разменат кафез со 23 птици. На грчкиот државјанин му е изречена парична казна од 1.000 евра, а на Македонецот казна затвор од три месеци или условно на една година.