Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМакедонец доби 20 месеци затвор во Грција – пијан и гол нападнал полицајци

Македонец доби 20 месеци затвор во Грција – пијан и гол нападнал полицајци

Триесетгодишен скопјанец е осуден на 20 месеци затвор во Грција бидејќи алкохолизиран нападнал тројца полицајци на островот Родос.

Како што јавува грчкиот весник „Прототема“, скопјанецот се откако се опијанил, се соблекол гол и легнал на маса во ресторан.

Полициските службеници побарале македонскиот турист да се облече, по што тој почнал да фрла предмети кон нив кои му биле при рака.

По нападот, скопјанецот е уапсен, а пред судот изјавил дека бил пијан и не знаел што прави.