HomeДЕНЕШНАПолитикаМакедонците тонат во сиромаштија, загрозени илјадници граѓани

Македонците тонат во сиромаштија, загрозени илјадници граѓани

На денот на кој се одбележува борба со сиромаштија во Македонија повторно испливуваат на површина загрижувачките податоци дека илјадници наши граѓани водат битка секој месец да го преживеат и тонат во безизлезната спирала на економско пропаѓање, долгови и уништување на квалитетот на живот.

22 отсто од граѓаните во Македонија живеат со помалку од 7.200 денари месечно, 35 отсто од населението е сериозно материјално обесправено и не може да си дозволи барем четири од деветте основни животни потреби, покажува анкетата за приходи и услови за живеење на државната статистика. Според податоци од анкетата, четвртина од граѓаните не можат да го затоплат сопствениот дом, а секое второ македонско семејство не може да си дозволи оброк со месо или риба секој втор ден.

remenska-siromastija

На светскиот ден за искоренување на сиромаштијата беа одржани низа активности за подигнување на свеста кај граѓаните. Не можеме да се пофалиме дека како државата вложуваме доволно напори за борба против сиромаштијата, изјави Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски. Македонија, додаде таа, на европско ниво е една од најсиромашните земји.

Во Македонија има повеќе од 100 илјади граѓани кои што живеат во апсолутна сиромаштија, а повеќе од еден милион и двеста илјади граѓани неможат да си ги исполнат основните потреби.

Ова денеска беше констатирано на конференција на тема Инклузија „И јас сакам да имам живот како другите!“ во организација на Македонската платформа против сиромаштија, Фондацијата Фридрих Еберт – канцеларија Скопје и Европската платформа против сиромаштија по повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата 17 октомври.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com