HomeДЕНЕШНАРегионМакедонците меѓу најбројните туристи во Грција, но оставиле помалку пари од лани

Македонците меѓу најбројните туристи во Грција, но оставиле помалку пари од лани

Македонските граѓани и натаму се едни од најбројните туристи во Грција со оглед на тоа што се престојува во текот на целата година за викенди, како и за цели годишни одмори. Така во првите шест месеци од годинава се забележани над 500 илјади македонски посети, со тоа што бројките ќе бидат значително поголеми кога ќе се споредат ноќевањата и посетите во екот на туристичката сезона.

Македонците иако се четврти најбројни туристи во Грција заедно со Германците, Британците, Бугарите и Србите, оваа година оставиле за нијанса помалку пари од лани или вкупно 59 милиони долари профит за грчките угостители и трговци.

Грција за шест месеци ја посетиле 8.5 милиони туристи од кои има промет од 4 милијарди долари. Турситичката гранка во Грција бележи пад од 1.8% што се должи најверојатно на грижите за состојбата на границите околу мигрантите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com