Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмМакеДокс – Интернационален фестивал за креативни документарни филмови

МакеДокс – Интернационален фестивал за креативни документарни филмови

Овој викенд во кино Култура ќе се одржи вториот кино викенд организиран од МакеДокс – Интернационалниот фестивал за креативни документарни филмови. Две прокеции ќе се одржуваат со почеток во 20 часот.

За вториот МакеДокс кино викенд ви подготвивме два документарни филма, едниот за старата југословенска кинематографија а другиот за актуелниот белоруски „Слободен театар“. Овој пат проекциите ќе бидат во кино „Културa“, пригодно за симбиозата на старото кино и новиот театар. А кога сме кај старото, на 15-и ќе си направиме и журка со грамофонски плочи. Донесете и вие некоја“- велат организаторите

Билетите можете да ги набавите  со резервација на е-мејл contact@makedox.mk чинат 100 денари, а на врата ќе чинат 150 денари.