Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМајката што си го фрли детето од тераса ќе оди на психијатриско лечење

Мајката што си го фрли детето од тераса ќе оди на психијатриско лечење

Мајката која го фрли шест годишниот син од четвртиот кат од зградата во скопската населба Хиподром, да се лечи во психијатриска болница, побара обвинителството.

Ваква одлука е донесена откако обвинителот кој го работи предметот согледувајќи ги наодите од психијатриското вештачење на состојбата во која се наоѓала и се наоѓа осомничената одлучил да поднесе вакво барање.

До Основниот суд Скопје 1 – Скопје, достави Предлог за определување на мерка – Задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа.

Настанот се случи на 16 ноември годинава кога мајката го фрли синот а потоа и самата скокна од балконот.

Двајцата се во болница и се опоравуваат од тешките повреди.