Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМајката на Тамара шокирана – го осудува обидот за убиство на Тодоров

Мајката на Тамара шокирана – го осудува обидот за убиство на Тодоров

Мајката на Тамара, Жаклина Димовска, за НОВА потврди дека лицето кое пукало во екс министерот Никола Тодоров е нејзиниот татко, 57 годишниот Љупчо Стојановски од село Каласлари. Таа вели дека е во шок, а за нападот пред Министерство за здравство дознала од медиумите.

„Ништо не наговестуваше дека планирал такво нешто. Не знам од каде нашол пиштол. Револт во семејството постои но, никој не помислил на вакво нешто. Не очекував дека ќе се случи ова. Убиството не е решение. Ова е шок за мене, го осудувам насилството, иако ми е татко. Цел живот се борев за правда и еве што се случи. Во моето семејство никогаш немало насилство“, изјави за НОВА Жаклина Димовска, мајка и’ на малата Тамара, која почина чекајќи да замине на лекување во странство.

Вооружениот напад се случи претпладнево на скалите пред Министерството за здравство. Влегувајќи во зградата 60.годишниот Љупчо Стојановски од велешкото село Долно Каласлари му се приближил на екс министерот од зад грб, го вперил пиштолот во него и испукал три куршуми.

Тодоров ја задржал присебноста и успеал да ги избегне трите куршуми кои биле испукани директно кон него. Напаѓачот веднаш бил совладан од неговото обезбедување и е приведен во полициска станица. Тодоров не е повреден.