Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМајката на еден од напаѓачите на кулите близначки тврди дека синот ѝ е жив во Гвантанамо

Мајката на еден од напаѓачите на кулите близначки тврди дека синот ѝ е жив во Гвантанамо

Мајката на Мохамед Ата, еден од главните извршители на самоубиствените напади од 11-ти септември 2001 година врз САД, тврди дека нејзиниот син е жив и дека Американците го држат затворен во затворот во воената база во кубанскиот залив Гвантанамо, во интервјуто објавено во шпанскиот дневен весник за El Mundo.

„Тој е жив и му ја испраќам оваа порака. Верувам дека се наоѓаш во Гвантанамо. Сине мој, сакам да те видам пред да умрам. Имам 74 години и живеам во надеж дека си преживеал. Знам дека никогаш не си сторил никакво зло и дека никогаш не би можел да го сториш она за коешто те обвинуваат“, вели Ботаина Мохамед Мусафа Шераки.

Египќанецот Мохамед Ата, според официјалниот извештај од истрагата, се залетал со првиот грабнат авион „Boeing 767“ на воздухопловната компанија „American Airlines“ во северната кула од Светскиот трговски центар (WTO) во Њујорк.

Повеќето од 19-те напаѓачи, вкупно 15 припадници на Ал Каеда, од 11-ти септември 2001 година во кои загинаа вкупно 3.000 луѓе, биле државјани на Саудиска Арабија, кои грабнаа четири патнички авиони и ги урнаа во њујоршките „Кули близначки“ на Светскиот трговски центар и зградата на Пентагон во Вашингтон, а еден беше соборен кај Шанксвил во Пенсилванија, наводно при обидот на патниците да го попречат киднапирањето на авионот.

„САД ја сокриваат вистината. Тие го планирале тој напад за да ја прошират идејата дека исламот е тероризмот. Избрале луѓе кои имаат пасоши и ги обвиниле, а истовремено и нашите земји ги поделија“, додава Боатина Шераки, во телефонскиот разговор од Каиро, каде што живее со две ќерки. Тоа е нејзино првото интервју за медиумите од нападите од 11-ти септември.

Мохамед Ата, роден 1968 година во Кина, студирал на Техничкиот универзитет во Хамбург. Неговото семејство упорно негира дека тој бил еден од сторителите напади и тврди дека тој е уште жив. Неговиот татко, Мохамед ел-Амир, Атака, адвокат кој почина во 2008 година, ја отфрлаше секоја помисла дека неговиот син би можел да биде вмешан во тие напади.