Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМајка Тереза првата светица од Скопје

Мајка Тереза првата светица од Скопје

Пред стотина илјади верници папата Франциско на свечена миса ја прогласи скопјанката Мајка Тереза за светица за заслугите за ширење на христијанството, залагањето за сиромашните и беспомошните и инспирација за хуманизам и добри дела. Насобраниот народ со овации ја дочека веста за нејзина канонизација во Католичката црква откако беа потврдени три чуда кои ги извршила додека била жива.

„Во чест на светото тројство ја прогласуваме и дефинираме блажената Тереза од Калкута за светица и ја вбројуваме меѓу светите, и укажуваме дека треба да биде почитувана како таква од целата Црква“, рече Папата на латински.

pope francis teresa

Агнеса Гонџа Бојаџиу е родена во 1910 година во Скопје, а почина на 5 септември 1997 во Калкута. Таа го формираше редот на мисионерки со хуманитарен карактер и нивната активност е присутна во стотина земји ширум светот.