Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМајка си ги фрлила трите деца низ прозор па се обидела да се самоубие

Мајка си ги фрлила трите деца низ прозор па се обидела да се самоубие

Страотно злосторство се случило во германскиот град Крефилд. Возејќи се на работа во раните утрински часови (04:45), локален велосипедист на плочникот пред една куќа забележал бесвесни тела на три мали деца.

Било утврдено дека децата кои се на возраст од 3,5 и 6 години, низ прозорецот ги фрлила нивната 33-годишна мајка.

Децата се префрлени во болница каде што лекарите се борат за нивните животи. Во меѓувреме лекарите успеале да го спасат животот на мајката која се обидела да се самоубие по злосторството. Мајката е уапсена.

Трагите укажуваат дека никој друг не е вклучен во ова страотно злосторство бидејќи таткото на децата не живеел со семејството.