Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМајка и син од Турција се тешко повредени во сообраќајката кај Демир Капија

Мајка и син од Турција се тешко повредени во сообраќајката кај Демир Капија

Мајка и син кои од Германија патувале преку Македонија во родната Турција се двете тешко повредени лица во сообраќајната несреќа која по полноќ се случи пред тунелот на патниот правец Демир Капија-Гевгелија. Тие се пренесени на интезивна нега на скопските клиники и се следи нивната состојба.