Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосноМајка и нејзината посвоена ќеркичка со церебрална парализа го освоија светот

Мајка и нејзината посвоена ќеркичка со церебрална парализа го освоија светот

Кристина и нејзината посвоена ќеркичка Финли, која има церебрална парализа, се неодоливо дуо со специјална врска. Тие секојдневно ја документираат својата приказна преку фотографии и видеа, а нивните обожаватели на Instagram континуирано се зголемуваат. „Искористи ја твојата НАСМЕВКА за да го промениш СВЕТОТ, не дозволувај светот да ја промени твојата насмевка“ – е нивното животно мото.
finli
Кристина и нејзиниот сопруг решиле да посвојат дете откако ја дознале страшната вистина дека не можат да имаат свое. Биолошката мајка ја родила Финли предвреме, во 31-та недела од бременоста со царски рез. Поради тоа што било родено предвреме, девојчето доживеало крвавење на мозокот. Докторите им соопштиле на родителите дека Финли има церебрална парализа и дека големи се шансите никогаш да не може да оди самостојно. Загрижениот пар се заколнал дека ќе направи сè што е во негова моќ за да ѝ помогне. Денес Финли има три години и нејзиното секојдневие сè уште е исполнето со лекови и секакви видови на терапии, а неретко и операции.
finli 1
„Срцето ми се крши малку по малку секојпат кога ќе побара од мене да ѝ помогнам да стане. Да можам, би ѝ ги дала моите нозе. Како родител, нема ништо полошо од тоа да го гледаш своето дете како страда“ – вели Кристина.

3-годишното девојче, кое обожава да танцува, неодамна минало низ голема операција, која ќе му помогне да има поголема контрола над своето тело и еден ден да се движи без никакви помагала. Семејството го слави секој напредок на слаткото девојче. Со споделувањето на својата приказна на интернет, тие целат да ја зголемат свеста за церебралната парализа и да ги охрабрат луѓето да посвојуваат.
finli 2

finli 12

finli 11

finli 10

finli 9

finli 8

finli 7

finli 6

finli 5

finli 4

finli 3