Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМајка го пронајде својот син мртов во домот во Скопје

Мајка го пронајде својот син мртов во домот во Скопје

policijanokelenta

Вчера во 18 часот 70-годишната С.К. пријавила дека на булеварот „Партизански Одреди“ во нејзиниот дом го пронашла безживотното тело на својот син. Според податоците од полицијата, се работи за 44-годишниот Александар К.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција која ќе покаже во какви околности настапила смртта.