Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеМаглата започна да предизвикува проблеми, „Александар Велики“ со одложување на летовите

Маглата започна да предизвикува проблеми, „Александар Велики“ со одложување на летовите

На скопскиот аеродром „Александр Велики“ денеска беа одложени, откажани и пренасочувани слетувања и полетувања на повеќе авионски летови поради густата магла која ја намали видливоста до 200 метри. Според првичните информации, откажани се слетувањата од Истанбул, Малме и Виена, а од Базел и Малме се пренасочени во Охрид. Полетувања за Рим, Франкфурт и Париз се пренасочени од Охрид, а одложени се летовите за Истанбул и Виена.

Маглата ќе биде присутна и во текот на утршниот ден, каде претпладне се очекува делумно подобрување на видливоста.

avioni prenasocuvanje