Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаМагазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени ди-џеи во светот!

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени ди-џеи во светот!

Магазинот „Форбс“ традиционално и оваа година ја објави листата на најплатени ди-џеи во светот, а на првата позиција со рекордна заработка од 63 милиони долари се најди Калвин Харис. За Харис оваа не е некакво изненадување или нешто ново и непознато во неговата кариера, бидејќи тој веќе четврти пат се наоѓа на финансискиот престол кога се ди-џеите во прашање и за само еден негов одржан концерт во Лас Вегас бележи заработка од 400.000 долари!

Kalvin-Haris-f2

На втората позиција од оваа листа на десет најплатени ди-џеи во светот се најде Тиесто со заработка двојно помала од Калвин, односно 38 милиони долари. Тој секако е еден од најбараните ди-џеи ширум светот, а годишно има повеќе од 100 настапи.

Tijesto

Популарниот француски ди-џеј и продуцент Дејвид Гета се најде на третата позиција на оваа листа со заработка од 28 милиони долари, додека Русинот под уметничко име Зед се најде на третата позиција на оваа листа, а се прослави благодарение на бројните настапи во клубовите и фестивалите кои ги забележа изминатата година.

david-guetta-live-in-malaysia

Листата од 10 најплатени ди-џеи во светот според магазинот „Форбс“:

1. Калвин Харис – 63 милиони долари
2. Тиесто – 38 милиони долари
3. Дејвид Гета – 28 милиони долари
4. Зед – 24,5 милиони долари
5. Стив Аоки – 23,5 милиона долара
6. Дипло – 23 милиони долари
7. Скрилекс – 20 милиони долари
8. Каскаде – 19 милиони долари
9. Мартин Гарикс – 16 милиони долари
10. Димитри Вегас и Лајк Мајк – 15,5 милиони долари