HomeДЕНЕШНАСветМафијашкиот бизнис функционира како и секоја моќна корпорација

Мафијашкиот бизнис функционира како и секоја моќна корпорација

Мафијата е организирана како и секоја амбициозна корпорација, со повеќе нивоа на менаџмент, доделени раководни улоги, брутална сила, адвокати, сметководители, дилери, макроа, па верувале или не тим билдинг. Новите регрути поминуваат процеси на „огнено“ крштевање, а за своите брзи успеси на улиците се наградувани со чинови, бонуси, (можеби не и бенифициран стаж), како и грижа за семејството на паднат мафијаш во затвор или пак најлошто при негова смрт.

Синдикатот како што многумина сакаат да го нарекуваат не е имун ниту на бекруполозниот капитализам, „војниците“ на дното имаат мизерни примања, умираат во пресметки на улиците или во затворите, додека пак „чиновниците“ живеат удобен и раскошен живот, но се постојано под штрек од некој нов ривал или „непријателско преземање на берза“.

За економската големина на „Камора“ најдобра илустрација е дека тие претставуваат поголема индустрија од „фиат“ и останатите автомобилски брендови од Италија. Сепак, нема бизнис како „семејниот“ бизнис.

Сите аспекти на италијанската мафија која со суровоста ја надмина и Коза Ностра можеби најдиректно ќе бидат прикажани во новата сезона на ТВ серијатата „Камора“ која е базирана на книгата инспирана од вистинската мафија од Неапол од писателот Роберто Савијано кој до денес е во бегство и има нов идентитет бидејќи му се заканува елиминација.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com