Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаМаестрална пијано – уметност вечерва на ,,Охридско лето"

Маестрална пијано – уметност вечерва на ,,Охридско лето"

 

Третата фестивалска вечер на 55 издание на ,,Охридско лето” носи маестрална пијано-уметност. Во црквата ,,Света Софија” вечерва концерт ќе одржи рускиот пијанист Андреј Коробеиников.

Станува збор за реномиран музичар кој својата кариера ја започнува на 8 години со настап во Баки Азарбејџан. Јуриј Темирканов, Владимир Ашкенази, Иван Фишер, Око Каму, Питер Старк, Александар Рудин, Росен Гергов, Максим Шостакович, се дел од листата успешни диригенти со кои во текот на својата кариера соработува Коробеников.

Добитник е на низа  награди и признанија, меѓу кои прва награда на интернационалниот натпревар за пијано „Александар Скрјабин“ и втора награда на интернационалниот натпревр за пијано „Сергеј Рахмањинов“ во Лос Анџелес, а учествувал на повеќе престижни фестивали во светот.