Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаМадуро прогласи вонредна состојба во економијата во Венецуела

Мадуро прогласи вонредна состојба во економијата во Венецуела

Искористувајќи ги специјалните овластување претседателот на Венецуела, Никола Мадуро, прогласи вонредна „економска“ состојба. По указот за прогласување на вонредната состојба, претседателот има рок од 60 дена да спроведе реформи за опоравување на кризната ситуација.

Последните неколку месеци за Венецуела беа кобни главно поради падот на цената на нафтата, а истовремено се соочува и со голема инфлација. Мадуро кој на изборите во декември ја изгуби контролата врз националното собрание, за целата ситуација ги обвини политичките противници.