Friday, Mar 29, 2024
HomeАНТИСТРЕСШтосно(Видео) Мачка „посвои“ мало мајмунче

(Видео) Мачка „посвои“ мало мајмунче

Мачка посвои напуштен од мајката катерича мајмун од зоолошката градина во Тјумен, Русија. Таа му дозволува да се држи на крзното на нејзиниот грб.

Директорката на зоолошката градина Татјана Антропова го зела во домот мајмунот пред три недели, кога видела дека мајката не го прифаќа. За нејзино најголемо изненадуввање, 16-годишната мачка Росинка го прифатила бебето.

Мајмунчето е машко и се вика Фјодор, а веќе почнало да ја гризе и да си игра со мачката.

Според пишувањето на порталот “businessinsider.com”, овој процес ќе потрае уште некој месец. Потоа Фјодор ќе се врати во зоолошката градина каде што ќе живее со другите катеричи мајмуни, дополнуваат агенциите.