Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Мачката“ на Ванхојте се предаде пред македонските политичари

„Мачката“ на Ванхојте се предаде пред македонските политичари

Белгискиот посредник во политичките преговори конечно го изгуби доброто расположение од минатите денови кога не „частеше“ со забавни мемиња, но неговите мачки некако скиснаа и веќе се предадоа пред македонските политичари со кои ни ѓаволот нејќе да сади краставици. vanhojte predavaПитер Ванхојте во последната објава на Twitter соопшти дека конечно се предава бидејќи договор не може да се постигне што значи и дека избори на 24 април не може да се закажат, ако дотогаш не се решат сите политички конфликти меѓу власта и опозицијата.

Затоа е закажана и вонредна лидерска средба во Клубот на пратеници каде ќе се направи последен обид за взаемен договор пред да биде објавен извештајот за изборните реформи на ЕУ и САД кој повторно е одложен.