Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЛутфиу: Законот за укинување екстерно е готов, може да се изгласа во скратена постапка

Лутфиу: Законот за укинување екстерно е готов, може да се изгласа во скратена постапка

Министерот за образование Пиштар Лутфиу им порача на парламентарните партии да побрзаат со намерата да го укинат екстерното тестирање преку законско решение во Собранието на Република Македонија за да се намали неизвесноста и тензијата кај учениците и родителите.

– Парламентарните групи на ДУИ и на СДСМ, веќе го подготвиле законот за укинување на екстерното тестирање, сега зависи од нив, но зависи и од наредните денови, штом ќе се формира влада да се процесира законот. Апелирам до пратениците, ако евентуално деновиве имаме нова влада да го процесираат законот за укинување на екстерното тестирање по скратена постапка и што поскоро да се стигне со роковите, затоа што треба најмалку 8 дена да помине, а треба и во службен весник да излезе, изјави Лутфиу при церемонијата за доделувањето на дипломи на студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Лутфиу исто така смета дека ако не сега тогаш до година екстерното тестирање сигурно нема да се спроведе, но сега е важно да се знае каков ќе биде исходот бидејќи учениците треба без притисок да се спремат за тестовите.